ул. Маркс Енгелсова бр. 32/А
6330 Струга, Македонија
Тел: 077 886 314
Play Radio Play Radio LIVE
Play Radio POP
Play Radio ROCK
Play Radio DANCE
Play Radio LOVE SONGS
Play Radio SMOOTH LOUNGE
Play Radio RETRO
Play Radio YU
Соработувај со најдобрите:
Зошто Плеј Радио ?
Плеј е модерно радио, форматирано според потребите на слушателите. Први сме по слушаност во Струга и околината, со тренд на постојан раст на слушаноста. Огласувачите се наши партнери со кои сакаме да оствариме долгорочна соработка со взаемна корист. Ние нудиме, од класични рекламни кампањи, до промоции и спонзорства изработени по мерка.
Постојано работиме на нови креативни решенија. Ги следиме глобалните трендови во радио рекламирањето и ги прилагодуваме на нашиот пазар.
Кој не слуша ?
Истражувањата покажуваат дека подеднакво сме слушани и кај машката и кај женската популација. Просечната возраст на еден слушател на Плеј изнесува 20-65 години.
Целната група што ја таргетираме е на возраст помеѓу 20 и 65 години, за која е и прилагодена програмата на Плеј.
Ги пуштаме најголемите хитови од 70-тите до денес. Добро познатите 70-ти и 80-ти се добар контраст со големиот број нови хитови што ја прават нашата програма секогаш свежа.
Постојано работиме на збогатување на програмските содржини. Покрај музиката, слушателите секогаш можат да ги очекуваат најрелевантните информации од нас, што им заштедуваат време, пари и нерви.
Каде и како не слушаат ?
Присутни сме насекаде, во Струга и Охрид преку FM сигналот на фрекфенција од 90.4 MHz, низ Македонија и светот преку интернет стриминг на www.playfm.mk и мобилните апликации.
НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА СЕ РЕКЛАМИРАТЕ НА ПЛЕЈ РАДИО:
Различни радија привлекуваат различни слушатели. Правилниот избор на радио на кое ќе се рекламирате ви овозможува директно да им се обратите на слушателите кои се ваш таргет.
Повеќето слушатели на радио, при слушањето на радио прават и нешто друго. Ова значи дека дека до слушателот можете да допрете во клучните моменти, кога е на пат кон работа, на работното место, сурфа на интернет, пред излегување итн. Сега кога радиото е достапно на паметните телефони и на интернет, тие клучни моменти се уште поприсутни. Истражувањата покажуваат дека рекламирањето кое е релевантно во однос на она што луѓето го прават тогаш, има 60% поголема веројатност да биде забележано.
Истражувањата покажуваат дека радиото има најниско ниво на избегнување на рекламирањето, односно луѓето ретко менуваат станици и се подготвени да ја слушнат секоја порака што им е релевантна, креативна и интересна. Ова е одлична можност да се рекламирате за да придобиете нови клиенти или на постојните да им кажете нешто што не го знаеле.
Кога на рекламирањето на телевизија, интернет или во печатен медиум ќе го додадете и радиото, ефектот на рекламирањето расте многукратно. Докажано е дека повратот на инвестицијата е повеќекратен бидејќи слушателите-потрошувачите стануваат посвесни за производот што се нуди.
На ист начин на кој што радиото создава музички хитови, создава и брендови. Ова е поради две причини, прво, затоа што успешните радио кампањи имаат многу реклами во кампањата, и второ, затоа што слушателите слушаат радио долго време (во просек 14 часа неделно). Со релативно мала инвестиција, можете да создадете голем бренд преку рекламирање на радио.
Слушателите радиото го користат од емотивни причини, за да се расположат, да не им е досадно во автомобилот или да не се чувствуваат изолирани додека ги извршуваат секојдневните работи. Ова ги наведува да го гледаат радиото како пријател, а ова е многу вреден контекст во кој се појавува огласувачот. Уште помоќно е кога рекламирањето се проширува преку брендирана содржина, спонзорства и промоции. Кога водителот на радио зборува за „нашите пријатели во компанијата X“, слушателот слуша за пријател на пријателот, а ова има силен ефект врз перцепцијата на брендот.
Со Бато Деко можете да се дружите секој работен ден од 16:00 до 18:00 часот, во неговото "НЕ СПОМВИ ИМИЊА" радиско шоу.....
Со Димитар можете да се дружите секој работен ден од 18:00 до 20:00 часот, во неговото "FEEL GOOD MUSIC" радиско шоу.....
ДЏ Васко и неговата музика можете да ја слушнете низ целата програма на Плеј Радио.....
ул. Маркс Енгелсова бр. 32/А
6330 Струга, Македонија
Тел: 077 886 314